Претседателот Стево Пендаровски околу предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачката рамка на Македонија за членство во ЕУ, вели дека не сака да види никаков помен за македонскиот јазик.
-Никаква ѕвездичка или дообјаснување. Да се вратиме на португалскот предлог – ние рековме добар е, Бугарите го одбија поради таа точка. Во него стоеше тело на текстот и вели „кој е вашиот најголем проблем, вели јазикот. Што мислите на тоа дека тој е дијалект на бугарскиот јазик од 1944? Можеме ли вака да го решиме? Ние велиме не доаѓа во предвид, ниту би влегле во преговори. Македонската страна ќе каже дека јазикот отсекогаш бил македонски, можеме само да ставиме една реченица дека е кодификуван во 1945 година. Од друга страна, Бугарија со унилатерална изјава ќе каже ние сметаме дека до 45-та година тој бил дијалтект на бугарскиот. ЕУ само ќе го прими тоа на знаење и никогаш нема да се повторува – во превод сфаќам што зборувате, но понатаму ќе биде само македонски јазик“, информира Пендаровски во емисијата „24 анализа“.
Според него, македонската јавност треба да биде смирена бидејќи не може да се изгласа преговарачка рамка ако ние не кажеме „да“.
-Да нема страв кај граѓаните. Со сила преговори под вакви услови не се случиле, рече претседателот.