Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Стоматолошката комора на Република Северна Македонија, како и партнерските комори, по повод 13-от конгрес на нови технологии.
Делегацијата предводена од претседателот на Комората, д-р Маријан Денковски го запозна претседателот Пендаровски со своите активности за поддршка на иновативни пристапи во стоматологијата кај нас, со научните истражувања и воведувањето на нови техники со цел овозможување подобро образование и обука на младите кадри.
Во таа насока претседателот Пендаровски ја поздрави и соработката што Стоматолошката комора ја развива со професионалните здруженија и стоматолозите од регионот.