Вечерва во Крушево, началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, напиша вечерва на својата Фејсбук страница претседателот Стево Пендаровски.
– Наредбата како Врховен командант за ангажман на армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани, информира Пендаровски.
Претседателот Пендаровски додава дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.
Вечерва во Крушево, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со…
Posted by Stevo Pendarovski on Monday, August 2, 2021