Претседателот Стево Пендаровски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форезничари од внатре и надвор. Било откриено од каде доаѓаат нападите, но не било откриено дали тие групи биле спонзорирани од држави.
„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Мојот кабинет не го сметам во таа категорија, но неколку пати ни е соборуван сајтот.
Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство. Заклучија дека нападот е од надвор, и истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат реалиција со некои држави.
Имавме и четворица форзеничарни од западните држави. Рекоа дека се тие групите… И големите земји немааат шанси со сигурност да утврдат кои им се мешаат во нивните избори како што е Пентагон на пример. Има индиции дека хакери се мешале и во изборите во Франција, па дури и во Брегзит“, изјави Пендаровски.