Посетата на Карен Донфрид, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, е потврда за силната американска поддршка за регионалната стабилност и за важноста од понатамошна консолидација на демократските процеси во регионот, оценува претседателот Ставо Пендаровски.
-Северна Македонија останува посветена на јакнење на стратешкото партнерство со САД и спроведување на реформските процеси со цел владеење на правото и борба против организираниот криминал и корупцијата, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил по средбата со Донфрид.
Донфрид која денеска престојува во зејава, претходно се сретна со својот домаќин, министерот за надвоешни работи Бујар Османи, а потоа имаше средба и со премиерот Димитар Ковачевски.