Тој воведе нов концепт за одбележување на 2-ри Август, со што во пракса, сака да смени децениска традиција.

Во Крушево се поканети лидерите на сите политички партии за државниот врв да се собере на едно место, без да има одделни чествувања. Присуството досега го потврдил само претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Инаку, оваа година за прв пат се менува и времето на манифестацијата која ќе биде во 18 часот.

Оваа идеја на Пендаровски е неприфатлива за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ќе остане верен на традицијата.

По повод државниот и национален празник 2 Август, Илинден, празник кој претставува симбол на Македонската борба за самостојна и независна држава, во Ташмаруништа, ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој и минатата година испрати порака од Ташмаруништа по повод големиот празник. Годинава претседателот Стево Пендаровски го менува концептот на прослава на Мечкин Камен, па така наместо попладнени говори ќе биде организиран концерт во вчерните часови. Според Пендаровски била испратена и покана до ВМРО-ДПМНЕ и до Мицкоски, но засега е потврдено само присуството на делегатција на ВМРО-ДПМНЕ.

–Претседателот Христијан Мицкоски традиционално ќе биде присутен во струшко Ташмаруништа. А, Пендаровски со овој потег ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден. Но кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег, истакна денес портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање.