Демократија мора да надвладеее над автократијата, а единството и солидарноста треба да останат вредности и по војната во Украина. Тоа е неопходно за да имаме подобрар свет, порача претседателот Стево Пендаровски на панелеот во „Одбрана на Европа“ во рамки на Светскиот економски форум во Давос.
Коментирајки ги безбедносните ризици на Западен Балкан, Пендаровски посочи дека во регионот има две чувствителни точки Република Српска и северот во Косово.
Покрај шефот на македонската држава, на панелот учествуваа и претседателите на Полска и Литванија, шефот на шпанската дипломатија и лидерката на опозицијата во Белорусија.
Годишниот состанок на Светскиот екононски форум е насловен „Соработка во расцепканиот свет“, а се одржува во време која светската економија е под екстремен стрес, оптоварена од висока инфлација, енергетска криза и други нарушувања на снабдувањето предизвикани од војната во Украина и оживување на случаи на Ковид-19 во Кина.
„Нашата генерација достигна пресвртна точка соочена со вистински егзистенцијални проблеми. Климатските промени, експлоатација на природата, можни нуклеарни инциденти или уште полошо, екстремна сиромаштија и насилство, изјави основачот и претседател на Светскиот економски форум, Клаус Шваб.
Форумот беше отворен денеска со темите – војната во Украина и климатските промени.
На петдневниот настан во швајцарското алспко одморалиште учествуваат лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество. На списокот учесници се пријавени 50 шефови на држави и влади.
Германскиот канцелар Шолц е единствен челник на земја од гупата Г7 кој ќе присустува на 53-тиот состанок на Светскиот екононски форум. Во Давос нема да бидат претседателите на САД, Франција, премиерот на Велика Британија, а нема да дојдат ниту моќните играчи надвор од Г7, во прв ред претседателот на Кина.
Како и мината година на настанот нема да учествува Путин, додека Зеленски ќе има видео обраќање на форумот. Во Давос нема да се појави ниту најбогатиот човек во светот Илон Маск кој настанот го нарече досаден.