Денешното интервју на Стево Пендаровски докажа дека штетните политики на Зоран Заев продолжуваат преку неговите слепи послушници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стево Пендаровски може да биде единствено аналитичар, но не и добар претседател на граѓаните на Република Македонија. Истиот тој во денешното интервју потврди дека со две раце ќе потпише се што ќе понуди Петков.

Но, затоа Пендаровски нема решение за сите проблеми кои ги засегаат граѓаните како енергетската, економската и здравствената криза.

Стево Пендаровски во историјата на Македонија ќе остане запаметен како претседател кој никогаш немал јасни ставови и позиции во однос на државата.