ретседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република.
Денеска во Прага, Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави.
Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот, Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата, Петр Фиала.
За време на официјалната посета на Чешката Република, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.