Во македонската бизнис делегација се стопанственици од Сојузот на стопански комори, а на средбата, организирана со Хрватската трговска комора, ќе се обрати и претседателот Пенадровски.

Директните инвестиции од Хрватска во земјава во 2020 година прикажуват одлив од 0,76 милиони евра. Анализирајќи го периодот од 2010 до 2020 година се забележува дека најголеми инвестиции се направени во 2011 година од осум милиони евра, покажуваат податоците на Стопанската комора на Македонија.

Вкупната трговска размена меѓу двете држави во периодот јануари-април годинава, изнесува 69,9 милиони долари, што претставува раст од 15,42 проценти во однос на истиот период од претходната година. Остварен е извоз од 36,1 милиони долари (раст од 18,02 проценти), додека увозното салдо изнесува 33,7 милиони долари (раст од 12,77 проценти), споредено со истиот период од 2020 година. Во вкупната надворешно-трговска размена е остварен е трговски суфицит од 2,3 милиони долари.

Хрватска е наш 21-ви трговски партнер за периодот јануари-април 2021 година, а 20-ти во 2020 година, кога размената достигна 199 милиони долари, што е раст од 12,54 проценти во однос на претходната 2019 година, но со трговски дефицит од 13,2 милиони долари.

Со учеството на деловната средба, Пендаровски ја заокружува дводневната посета на Хрватска. Тој вчера имаше средби со неговиот домаќин, претседателот Зоран Милановиќ, како и со премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ.