Христијан Пендиков утрово се појави во родниот Охрид за да даде изјава пред истражителите во Охрид, а ќе присуствува и на утрешното судење против напаѓачите кои на 19 јануари го претепаа затоа што се чувствувал како Бугарин, објави А1он.

Ова му е прво враќање во родниот град по лекувањето во Софија, јави БГНЕС. Тој треба да го опише нападот врз него и причините за него, иако според обвинителството инцидентот се слиучил поради тоа што Пендиков се чувствувал како Бугарин.

За време на последното судење беше прикажана видео снимка од нападот над Пендиков.

Еден од напаѓачите, Илија Спасески рече дека го разбира обвинението, но не се чувствува виновен, а неговите адвокати велат дека ќе докажат дека инцидентот не се случил поради етничка омраза.