Средба на приватните автобуски превозници со владини претставници може да се одржи во секој момент, штом се исцрпат сите институционални можни решенија, истакна министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во одговор на новинарско прашањето за одлуката на превозниците за откажување од блокадите и за тоа кога би можело да се очекува нивна средба со Владата.

-Работите имаат добра насока. Овој проблем го внесовме во институциите. Сега е на потег Управниот одбор на ЈСП, кој треба да го разреши конкретниот проблем, рече министерот Пенов. (МИА)