На синоќешниот собир на Републиканската партија поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс возврати на тврдењето на екс претседателот Доналд Трамп дека тој можел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.
-Претседателот Трамп греши, јас немав право да ги поништам изборите, изјави Пенс синоќа на собир на републиканската организација Федералистичко општество одржан во Орландо, Флорида.
-Претседателството припаѓа на американскиот народ и само на тој народ. Искрено кажано, не постои понеамериканска идеја од сознанието дека секој може да го избере американскиот претседател, изјави Пенс.
Рече дека само ги исполнувал уставните обврски, а настаните што се случија на 6 јануари 2021 година тој ги опиша како „мрачен ден во историјата на Капитолот на САД“.
Во свое претходно обраќање Трамп го обвини Пенс дека кога лани на 6 јануари Конгресот ги одобруваше гласовите од електоралните колеџи во секоја од државите, тој.имал законска можност да ги поништи резултатите од изборите но тоа не го сторил.
По поразот, а со победата на демократот Џо Бајден, во Републиканската партија веќе цела година се случуваат превирања и внетрепартиски групирања.
Трамп започна кампања и досега собра над сто милиони долари со намера да бара поддршка од партијата за повторна кандидатира. Изјавите на Пенс пак наведуваат дека и тој претендира за кандидатура за избор на претседател на САД.
Републиканската национална конвенција (РНЦ) пак вчера ги осуди законадавци Лиз Чејни од Вајоминг и Адам Кинзингер од Илиноис поради нивното учество во комисијата на Претставничкиот дом за истрага околу нападот на Капитилот на 6 јануари.
На зимската средба на РНЦ во Солт Лејк Сити, започна во четвртокот, во пакет од четири изгласани заклучоци случувањата на 6 јануари биле опишани како „легитимен политички дискурс“. Во еден од тие заклучоци е наведено дека „Комунистичка партија на Кина е одговорна за Ковид-19“.