Американската војска повеќе нема да прима трансродовите лица, а сите медицински процедури поврзани со промена на полот за војниците ќе бидат замрзнати. Оваа одлука е резултат на извршниот указ на претседателот Доналд Трамп, а денеска беше официјално потврдена од министерот за одбрана Пит Хагсет.

Според документот предаден во окружниот суд во Вашингтон, забраната стапува на сила веднаш, што значи дека сите нови регрути со историја на родна дистрофија нема да можат да станат дел од американската армија.

Пентагон ги запира медицинските третмани за промена на полот

Дополнително, сите планирани и тековни медицински интервенции за трансродовите војници се суспендирани. Ова вклучува хормонска терапија и хируршки интервенции, кои досега беа дозволени во армијата.

Министерот Хагсет најави дека оние кои веќе служат ќе бидат третирани со почит, но не беше прецизирано дали ќе можат да останат во армијата на долг рок.

Остри реакции за забраната на трансродовите лица

Новата политика предизвика незадоволство кај организациите за човекови права, кои ја сметаат оваа одлука за дискриминаторска. Според проценките на активистите, во американската војска служат меѓу 10.000 и 15.000 трансродови лица, додека податоците на Пентагон покажуваат значително помал број.

Претседателот Трамп веќе во претходни изјави тврдеше дека трансродовите војници не се во согласност со „понизноста и несебичноста“ што се бараат од војниците, што дополнително ја разгоре дебатата за инклузивноста во армијата.

Реакција на ЛГБТИ заедниците

ЛГБТИ заедниците реагирааа на одлуката на Пентагон да им забрани на трансродовите лица да служат во војската. Многу активисти и организации ја осудија оваа мерка како дискриминаторска и штетна за правата на трансродовите лица. Тие истакнуваат дека трансродовите лица служеле со чест и посветеност во војската и дека нивното исклучување е неоправдано.

Дополнително, бројни студии, вклучувајќи ја и онаа на RAND Corporation, покажуваат дека присуството на отворено трансродови војници нема негативно влијание врз единството на единиците или оперативната ефективност.

Трансродовите лица повторно исклучени од воената служба

Со оваа одлука, САД ја враќаат политиката на забрана за трансродовите војници, што беше укината за време на администрацијата на Барак Обама. Иако се очекуваат правни предизвици, Пентагон подготвува дополнителни насоки за спроведување на новите правила.

Како ќе се одрази оваа забрана врз американската армија и правата на трансродовите лица останува да се види во наредните месеци.