Официјален Пентагон реагираше на објавата на Русија дека успешно го завршила пробното лансирање на својата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“. САД тврдат дека чекорот не е закана за САД и нивните сојузници, додавајќи дека Русија соодветно го информирала Вашингтон за своите планови.

За потсетување Русија неодамна објави дека ја тестирала интерконтиненталната балистичка ракета РС-28 Сармат, со ново дополнување на нејзиниот нуклеарен арсенал, за што претседателот Владимир Путин изјави дека овој чекор ќе ги подзамисли непријателите на Москва.

Руската национална телевизија покажа како армијата го информирала Путин дека проектилот бил лансиран од Пљесецка на северозападот на земјата и дека погодил цели на полуостровот Камчатка на далечниот исток.