Пензионерите од 1 октомври ќе добијат зголемување од 1.000 денари, а напролет ќе следува ново покачување за уште 1.000 денари, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој потсети дека со овие две покачувања, од моментот кога актуелната Влада го презеде управувањето со државата, вкупниот раст на пензиите ќе достигне 7.000 денари.

„Тоа е повеќе од нашето предизборно ветување, кое предвидуваше зголемување од 5.000 денари,“ истакна Мицкоски.