Пензионерите излегоа да протестираат за повисоки пензии пред американската амбасада во Скопје, по што продолжија пред владината зграда.

Бараат линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари како и минимална пензија од 20 илајди денари.

Во септември, со редовното усогласување, пензионерите добија зголемување од 5,3 отсто, а минималната пензија во моментов изнесува 13.200 денари.

Протести секојдневно има и во други градови во државата.