Пензионерите не се откажуваат од своето барање за линеарно покачување на нивните примања. Најавуваат продолжување на протестите но и нивно радикализирање доколку се нема слух за нив, пренесува Телма.
Најавуваат дека со шатори ќе излезат пред институциите, а нивните барања ќе ги достават и до амбасадите во земјава но и до ЕУ. Велат дека доколку се продолжи со игнорирање на ваквото нивно барање за зголемување од 5.000 денари во иднина ваквата сума може да порасне.
Покачувањето од 600 денари кое го добиле за месец септември велат дека е под секое достоинство и само залажување, а мерките кои ги најавува министерката тренчевска не ги прифаќаат бидејќи како што велат додека бидат донесени инфлацијата ќе ги изеде парите.