Конференцијата беше организирана од ВМРО-ДПМНЕ и шведската фондација Jarl Hjalmarson каде говореше Златко Перински за поддршката на Министерството и Владата за општините во насока на локален економски развој.
„Преку јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет, значително им помогнавме на општините да реализираат проекти кои очигледно им останале на хартија поради ограничените буџети. Поддршка ќе добијат и в година. Почнавме со постапка за изменување на Законот за локална самоуправа со цел да овозможиме унапредување на системот на локална самоуправа кој ќе придонесе за пофункционални општини и Град Скопје“, истакна министерот Перински. Тој најави дека до крајот на 2026 година ќе бидат дигитализирани најважните услуги за граѓаните, меѓу кои и Е-даноци, што ќе овозможи целосно прибирање на данокот на имот во општините, без влијание на субјективен фактор, што значително ќе придонесе за полнење на општинските буџети. „Владата и натаму ќе биде стратешки партнер и поддршка на сите општини. На граѓаните им ветивме поквалитетен живот, тоа и им го овозможуваме“, посочи Перински.