Фокус на заостанатите региони и пообјективно планирање на јавните финансии

На денешната 41. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа Перински, главна тема беше унапредување на системот за планирање и распределба на јавните финансии. Седницата беше посветена на дефинирање на предлог-критериуми за проценка на буџетските програми од страна на ресорните министерства кои влијаат врз регионалниот развој.

Транспарентен и координиран пристап за територијална кохезија

Новите критериуми имаат за цел да воспостават пообјективен и транспарентен систем за насочување на буџетските средства кон сите региони, со посебно внимание на општините кои се соочуваат со понизок степен на развој. „Со дефинирање на јасни критериуми, ќе се овозможи поусогласено планирање на јавните инвестиции, со фокус на вистинските потреби на граѓаните“, истакна министерот Перински.

Советот останува посветен на децентрализацијата и одржливиот развој

Како дел од стратешките цели на Владата, Советот ќе продолжи со креирање политики кои ќе обезбедат еднакви можности за сите плански региони, придонесувајќи кон поголема територијална рамнотежа и поддршка на процесот на децентрализација.