Несреќата се случила по полноќ, повредениот пренесен на Клиничкиот центар

Пешак на возраст од 55 години е тешко повреден откако утринава (25 мај 2025 година), во 01:20 часот, во него удрила локомотива на железничкиот премин во скопската населба Хиподром. Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според податоците, локомотивата е во сопственост на Јавното претпријатие „Македонски железници“, а повредениот е идентификуван како С.Л. од Скопје.

Пешакот со тешки телесни повреди, случајот се истражува

Пешакот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Надлежните служби веднаш извршиле увид на местото на настанот.

Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините

Увидната екипа од СВР Скопје работи на расветлување на околностите под кои се случила несреќата. Засега нема официјални информации за причините за инцидентот, ниту дали пешакот се движел по дозволено подрачје.

МВР апелира на внимателност при преминување железнички пруги

Од Министерството апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при движење во близина на железнички премини и да ги почитуваат сите поставени сообраќајни знаци и правила со цел да се избегнат вакви трагични ситуации.

Извор: Република