СДСМ не сфаќа дека шеста година е на власт. Комисијата за избори и именувања не закажуваше седници, а ние конструктивно работиме, рече Жаклина Пешевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Топ тема“ што се емитува на телевизија Телма, а говорејќи за актуелната ситуација во која се кршат правните норми при процедурата за кандидатите за уставни судии.

„Деловнички треба да се разгледаат сите кандидати за уставни судии ако се под една точка, а не да се двојат по желба на претседателката на Комисијата и затоа таа треба да одговара. Да беше одговорна претседателаката на Комсијата ќе дадеше образложение барем за сработеното во Собранието, а не само тоа таа не беше воопшто присутна“, рече Пешевска.

Недозволиво е, вели Пешевска, единствен критериум за уставен судија да е тој дека треба да биде истакнат правник, нешто што може широко да се толкува. И тоа е недозволиво.

„Како мислат од власта да ја подобрат работата на Уставниот суд кога имаат личност која крајно несоодветно постапува“, го праша Пешевска, пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски кој беше дел од дебатата.

Пешевска се осврна и на предлотот за измени на законот за невладини организации и граѓански здруженија.

Таа посочи дека Владата не реагира ништо за спорните здруженија и затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага да може истиот да важи ретоактивно.

„За отворените здрженија има низа на реакции, дури и меѓународно и мора да има соодветна реакција и во земјава“, посочи Пешевска