Секогаш кога ВМРО и Македонија биле исправени пред сериозни предизвици, никогаш не било доведено прашањето на која страна ќе се жените во партијата. Тие секогаш биле на вистинската страна!,пишува во својата честитка Жаклина Пешевска по повод роденденот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ!24 ГОДИНИ – УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ! Почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,Драги мои храбри лавици од општинските и месните комитети од цела Македонија,На сите Вас Ви го честитам денешниот ден, денот на формирањето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Денес, кога одбележуваме 24 години постоење добро е да се спомне дека жените од ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле столбот на единството во партијата. Секогаш кога ВМРО и Македонија биле исправени пред сериозни предизвици, никогаш не било доведено прашањето на која страна ќе се жените во партијата. Тие секогаш биле на вистинската страна!
Денес, после успешно спроведени локални избори на кој ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаа убедлива победа, Унијата на жени го доби заслуженото место. Денес 14 општини во Македонија имаат жена од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Советот на општините, орган кој преставува парламент на локално ниво. За што ја користам оваа прилика и јавно да се заблагодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за поддршката кон жените од ВМРО-ДПМНЕ.На крајот, искрено и од срце се заблагодарувам на сите претходни претседателки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и на сите претходни состави на Извршниот и Централниот комитет, најголема благодарност до секоја една жена од месните и општинските комитети, од минатото и денес бидејќи жените од месните комитети се основната клетка на постоењето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Продолжуваме да чекориме напред, обединети и силни кон нови победи!
Да сте ми живи и здрави!Да живее Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ!, пишува Пешевска во својата објава.