Жители на селото Пештани денеска повторно протестираат на влезот од автокампот „Градиште“, во обид да го свртат вниманието на јавноста на проблемот што го имаат, а во врска со враќањето на нивните имоти одземени со национализација, пренесе МИА.
Над сто наследници од 36 семејства во Градиште поседувале имот со вкупна површина од 150.000 квадратни метри, вреден 30 милиони евра, која како закупец стопанисува приватна фирма, согласно договор што, исто така, е оспорен од сопствениците, како невалиден.
Тие одржаа протест и минатата седмица, кога побараа спроведување на неколку пресуди на Управниот суд во нивна корист. Притоа обвинија и
за селективност во денационализацијата, со забелешка дека слични национализирани атрактивни имоти се вратени на МПЦ.
Комисијата за денационализација одбива да им го врати имотот со појаснување дека на земјиштето е изграден автокамп како објект од јавен интерес. Притоа им се нуди обештетување, наводно според цена пресметана според вредноста во времето кога им била одземена.
Сопствениците ги одбиваат парите што им се нудат како обештетување во износ до пет евра за метар квадратен, со забелешка дека тоа е смешна сума за земјиште чија пазарна цена ја проценуваат на 20 милиони евра.