Портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков денеска потврди дека неговиот најстар син учествувал во „специјалната операција“ во Украина.
„Некогаш служеше во вооружените сили, всушност ја исполни својата уставна должност. Донел таква одлука, полнолетен е… Да, учествувал во специјална воена операција. Не би сакал да кажам повеќе, тоа нема никаква врска со мојата работа“ рече Песков, пренесува „РИА Новости“.
Основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно изјави дека синот на Песков служел во таа група.
Според него, тој работел покажувајќи храброст и херојство.