Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е потребен дијалог меѓу Русија и САД и покрај неодамнешните изјави на американскиот претседател Џо Бајден.
-Личните навреди оставаат негативен белег на односите меѓу шефовите на држави“, рече Песков.
-Сепак, дијалогот меѓу Русија и САД е неопходен во секој случај не само во интерес на нашите две земји туку и во интерес на целиот свет, додаде тој.
-Вака или онака, порано или подоцна, Русија и САД ќе треба да разговараат за прашања за стратешка стабилност, безбедност и други прашања за кои само ние можеме да разговараме, рече Песков.
Да потсетиме, Бајден во неделата рече дека рускиот претседател Владимир Путин не може да остане на власт, но еден ден подоцна објасни дека не сака да биде направена промена на политиката, туку реченицата му ја упатил на рускиот народ.