Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е потребен дијалог меѓу Русија и САД и покрај неодамнешните изјави на американскиот претседател Џо Бајден.

-Личните навреди оставаат негативен белег на односите меѓу шефовите на држави“, рече Песков.

-Сепак, дијалогот меѓу Русија и САД е неопходен во секој случај не само во интерес на нашите две земји туку и во интерес на целиот свет, додаде тој.

-Вака или онака, порано или подоцна, Русија и САД ќе треба да разговараат за прашања за стратешка стабилност, безбедност и други прашања за кои само ние можеме да разговараме, рече Песков.

Да потсетиме, Бајден во неделата рече дека рускиот претседател Владимир Путин не може да остане на власт, ​​но еден ден подоцна објасни дека не сака да биде направена промена на политиката, туку реченицата му ја упатил на рускиот народ.