Верижен судир во кој учествувале десетина возила се случи во Србија на патниот правец Бачка Топола – Суботица.

Според првичните информации има седум лица повредени.

Како што информираат српските медиуми, до несреќата дошло како последица на невреме, односно песочна бура која предизвикала намалена видливост во овој дел на Србија.