Пожарот на депонијата Вардариште во општина Гази Баба сè уште е активен, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
До 12 часот денеска, како што соопштуваат од ЦУК, биле евидентирани уште неколку пожари на различни локации низ државата: во селото Шутово, општина Кичево, и во селото Горенци, општина Центар-Жупа. Два пожари се активни на подрачјето на општина Бутел – едниот во Визбегово, на патот кон Горно Оризари, а другиот на улица „5“ во истото населено место.
Надлежните соопштуваат дека е изгаснат пожарот на планината Кожуф, во општина Гевгелија, кој зафатил приземна вегетација.