Пет членки на Европската унија од Централна Европа ќе побараат од Брисел продолжување на забраната за увоз на украинско жито по 15 септември за да се избегнат проблеми на пазарот, најави министерот за земјоделство на Унгарија – Иштван Наѓ.
Тој наведе дека пет земји ќе побараат забраната за четири украински производи да остане и по истекот на рокот: брашно, пченка, маслодајна репка и семки од сончоглед, но тоа да може транзитно да се извезува низ тие земји, пренесе Ројтерс.
Унгарскиот министер изјави дека Полска, Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка исто така ќе ја разгледаат можноста поединечно да побараат од ЕУ да забрани одредени производи.
Наѓ рече дека, иако жетвата се уште не е започната во Унгарија, во магацините сè уште ги има тие украински производи.
На 2 мај, ЕУ им дозволи на Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка да ја забранат домашната продажба на украинска пченица, пченка, канола и сончоглед за да го заштитат нивното земјоделско производство.
На почетокот на јуни оваа забрана беше продолжена до 15 септември.