Утринава беше испратен само еден со цел да направи извидување на состојбата, а како што напиша на Фејсбук Ангелов, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар.
– Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух, напиша на Фејсбук Стојанче Ангелов.
Токму пожарот на Пехчево во овој момент е еден од најсериозните.