Во ЈП „Водовод“ на местото на Горан Козаров од СДСМ, именуван е локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник, Пеце Милевски. ЈП „Комуналец“ ќе го води Гордана Наумовска, вработена во претпријатието во секторот зеленило.
Во ЈП „Пазари“ на директорската позиција назначена е Соња Карапашовска, магистер на економски науки. Таа ќе го замени либералдемократот Владе Атанасовски, а на местото на Зоран Дојчиновски од СДСМ во ЈП „Паркинзи“, е назначен Горан Степановски, економист, советник во претходниот мандат на Советот на општина Битола.