Пет комисии денеска ќе имаат седница во Собранието
Денеска во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, сите по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Формирањето Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата и Разгледувањето барања за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешен претседател и член на Регулаторната комисија за домување.
На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка е на пред членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, сите по скратена постапка.
