Напаѓач со нож денеска во Оукленд, на Нов Зеланд повреди пет лица, пред околните минувачи да го соборат на земја и да го совладаат, соопшти полицијата.

Британските медиуми го цитираат претставникот на локалната полиција кој изјавил изјави дека нападот во Оукленд траел помалку од 10 минути, бил изведен без посебна цел, а дека осомничениот сега е во притвор.

Оттаму соопштија дека нема индиции дека се работи за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а полицијата се пофали дека брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила поголем број жртви.

Се наведува и дека сите ранети се со умерени повреди.

Случајни минувачи кои случајно се нашле на местото на инцидентот го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот на нападот, а еден од нив го соборил со помош на патерици за одење, соопшти полицијата.

Прецизирано е дека мажот носел голем нож и дека имал умерени повреди при апсењето, како и дека поради тоа бил хоспитализиран.

На Нов Зеланд минатата година имаше два поголеми насилни напади со нож во супермаркети, а еден е наведен како терористички чин, додека истрагата не го утврди мотивот за вториот напад, пренесуваат британските медиуми.