Огласот е распишан денеска, а заинтересираните кандидати имаат рок од 15 дена да се пријават на огласот.
-Кандидатите за избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, потребно е како посебен услов да имаат работно искуство од најмалку четири години како јавен обвинител до моментот на пријавување, се вели огласот за избор.
Во моментов, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција работи со вкупно 14мина обвинители. Петмина од нив беа избрани во април годинава. Тројца обвинители се од поранешното Специјално јавно обвинителство.
Со огласот со кој се бараат уште петмина, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе брои 19мина обвинители или колку што е предвидено со систематизацијата во Законот за јавно обвинителство.