Сега во тетовскиот ковид-центар се лекуваат вкупно 124 пациенти.

Според изјава на Д-р Ниредини за порталот Фактор денес има пет починати пациенти, меѓу кои млада 39-годишна жена.

– Кај починатата има историја на ендокринолошка состојба, станува збор за тироидната жлезда, но мора да потенцирам дека нејзината претходна здравствена состојба е целосно контролирана и без никакви проблеми. Донесена е со сатурација 45, во исклучително тешка состојба и за жал по неколку дневно лекување во болницата, почина. И последните петмина починати се невакцинирани пациенти, вели д-р Ниредини.