До 12:30 часот денеска, на територијата на државата биле регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Три од пет пожари на отворен простор се сè уште се активни: во село Братиндол, Општина Битола, каде гори сува трева на нива; во Општина Прилеп, над касарната, каде исто така е зафатена сува трева; и во Општина Валандово, покрај патот Валандово–Дојран, каде гори ниска вегетација.

Два пожара се под контрола – во Општина Тетово, кај железничката станица, каде гори ѓубре, и во Општина Ранковце, каде е зафатена ниска трева и ситна шума.