Член на Совет на Општина Аеродром истовремено е член на Управен одбор, декан на Факултет и управител на друштво за градежништво, како и в.д. директор на ЈП „Погребални услуги“ и адвокат кој е истовремено член на Управен одбор на ЈП „Железници“ и адвокат истовремено кој е заменик член на Комисија за жалби.

Вакви случаи на кумулација на функции од страна на избрани и именувани лица регистрирала Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на поднесените изјави за интереси за 2021 година.

Со ова се прекршени одредби од Законот за спречување на корупција, за што се определуваат глоби во висина од 200 до 500 евра, кои со порамнување може да чинат од 150 до 200 евра во денарска противвредност.