Премиерот на Бугарија Кирил Петков заедно со останатите пратеници од владејачката коалиција излегле пред зградата на Народното собрание каде се одржува протест за поддршка на актуелниот претседател на Собранието Никола Минчев, јавуваат бугарските медиуми.
Кирил Петков носел мегафон и се качил на цементната платформа до скалите пред главниот влез на Народното Собрание. Оттаму повикал дека заедно можат повеќе.
-Бугарија ги има сите шанси да биде европска, нормална земја. Само заедно можеме да го направиме тоа, рекол Петков пред собраните граѓани.
Тој им порачал и дека не треба да се предаваат.
-Нема да ве изневериме, ќе победиме, додал Петков.
Обраќање имала и лидерката на БСП, Корнелија Никова.
-Вистинската битка со мафијата почна денеска, рекла таа и им се заблагодарила на граѓаните што спонтано се организирале и изразиле поддршка.