Македонската 26-годишна голманка, Драгана Петковска, во новата сезона ќе го брани голот на израелскиот тим на „Макаби Ришон Ле Зион“, со кого потпиша едногодишна соработка.

Израелскиот тим „Макаби Ришон Ле Зион“ има амбиции повторно да го освои израелскиот куп и да биде на првото место во израелската лига.

Таа минатата сезона бранеше за шампионот Јагодина, а својата ракометна кариера ја започна во школата на Индира Кастратовиќ.

Претходно, Петковска бранеше во Данска каде беше член на Сондерјиске и Силкеборг, како и македонски ЖРК Вардар со кого има и настапи во ЛШ.