Петмина државјани на Македонија се повредени, но надвор од животна опасност во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на патниот правец Игнација Одос, кај клучката Амфиполи Сер.

Возилото во кое се превезувале повредените, под засега неутврдени околности излетало од коловозот.

Како што јавуваат грчките медиуми, за извлекување на возачот, на помош била повикана противпожарната служба.

Сите патници, според информациите на грчките медиуми, се со полесни повреди. Причините за несреќата ги истражува Секторот за сообраќај Аспровалта.