Судии на претходна постапка од Основниот кривичен суд, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство им одредија 30 дена притвор на осомничените.
-Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на : ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно oдземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и обврска за јавување во суд, се вели во соопштението на Основен Кривичен суд.
Од судот информират дека е прифатен предлогот за определување притвор за уште 10 лица кои се опфатнеи со акцијата, но тој ќе стане ефективен откако ќе бидат пронајдени.