Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа во 20.00 часот со претходна судска наредба извршија претрес во домот на скопјанецот А.А. (21) на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Како што информира денеска МВР, покрај А.А., од слобода се лишени М.П. (20), С.Г. (22), В.С. (19) и П.Ѓ. (22), сите од Скопје, кои при претресот на неговиот дом биле затекнати при употреба на марихуана.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.