Страшни фотографии објавија грчките медиуми по вчерашната сообраќајната несреќа во која загинаа пет лица. Автомобилот „мерцедес“ е целосно смачкан по судирот со товарно возило на обиколницата во Едеса кај Солун, на магистралниот пат Лерин-Солун.
Како што пренесуваат грчките медиуми, потребна била интервенција на противпожарната служба за да се извлечат петте тела на патниците од автомобилот, кои загинале на лице место, додека возачот на камионот е полесно повреден и пренесен во болницата во Едеса.
Автомобилот бил со регистарски таблички од Албанија и според последните податоци, во него се наоѓале сезонски работници.
Прелиминарната истрага за причините за несреќата ја спроведува Секторот за сообраќај во Едеса, но според тамошните медиуми, автомобилот влегол во лентата од спротивен правец.