СВР Струмица поднесе известување до ОЈО Струмица за 15-годишен малолетник од село Василево, Струмичко, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице.

Како што соопшти денеска портпаролката на овој сектор, Александра Трајанова, пријавениот обљубата врз 18-годишно немоќно женско лице ја извршил на 1-ви овој месец.