Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку својот официјален фејсбук профил им го честита Рамазан Бајрам на сите припадници од исламска вероисповед.

– Нека е честит Рамазан Бајрам! На сите верници од исламска вероисповест им го честитам овој голем верски празник. Во духот на празникот да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла, наведува Петровска во честитката.

Министерката Петровска на сите верници им посакува здравје, спокој, благодет и неизмерна среќа.