– Сакам да го изразам своето незадоволство од начинот како се организирани и спроведени овие избори. Од наши набљудувачи од терен добиваме информации за бројни нерегуларности, импровизации и несоодветно толкување на изборниот законик, рече Петровска.
Таа додаде дека процесот на трансформирање на Скопје во зелен хуман град е започнат.
– Ние сме присутни и во институциите и надвор од нив и уште порешително продолжуваме да влијаеме на сите процеси кои можат да значат Скопје да стане зелен хуман град. Имаме убава застапеност што ќе значи голем број на советници во градот Скопје, додаде.
Петровска не успеа да влезе во вториот круг на изборите за градоначалник за Град Скопје, каде според околу 74% од преброените гласови е на петто место со 3,76% од гласовите.