-Се што Ковачки досга изнесе е невистина, можеби јас имам оправдување за нападите врз мене, но не можам да најдам објаснување и оправдување за нападите на неговите поранешни колеги припадниците на Армијата кои одбрале да ја задржат униформата и да работат за интерсите на државата, истакна Министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа на денешната конференција одговорајаќи на новинарско прашање рече дека против него поднела тужба, за чиј процес ќе бара отвореност за јавноста.

-Како министерка за одбрана имам морална и секаква обврска да се спротиставам на се што беше кажано од него. Да ги обвините вашите поранешни колеги дека крадат, дека биле уапсени, дека нанесуваат штета на угледот на држават, од денес натаму немам намера да одговорам на ниедно негово прашање, затоа што не заслужува внимание. Во оваа папка се крие товарот на неговото минато, кој што длабоко го боли, јас не сум дел од неговото минато, тоа што тој го правел е негова одлука и за тоа треба да си ги сноси последиците. За жал оваа папка е класифицирана, но еве го поттикнува, нека каже сам, изјави Петровска.

Драган Ковачки е поранешен полковник од АРМ, а од неодамна пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.