Таа ни ја искажа својата помош и поддршка и ни посакува успех на претстојните локални избори.
Споделуваме заеднички вредности, а се бориме и со исти проблеми.
Бетонизацијата како во Скопје, според зборовите на советничката Хајди, е проблем исто така и во Виена. Слично како и нашите заложби против проширување на коловозите, тие се залагаат да превенираат изградба на два големи автопати околу Виена, кои би донеле поголем метеж во сообраќајот.
И благодариме на нашата драга пријателка од Австрија за искажаната поддршка.
Би сакала да најавам дека веќе утре ќе оствариме и состанок со претставници од Зелената партија на Германија, членови на советот во градот Дизелдорф.
Се вмрежуваме со советници, со Зелена агенда низ цела Европа, за да можеме да ги прифатиме нивните искуства и да ги имплементираме во нашата програма за зелено и хумано Скопје, истакна Ана Петровска.