Прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„Главниот обвинител Коцевски не може да затвори ниту еден случај на висока корупција затоа што му должи на СДС кариера.

Главниот обвинител Коцевски не е самостоен во одлуките, тој секогаш ја има тежината од СДС врз себе, затоа што тие го спасуваа во Собрание.

Ниту еден поранешен функционер, кој беше фатен во криминал, а ги има многу, не одговара, и нема правна разрешница, затоа што на главниот обвинител Коцевски СДС му стои на глава.

Срамота е како главниот обвинител Коцевски смирено ја прими пораката од СДС во Собрание, ,,со штитот или на него” и не се обиде ниту да ја осуди или да се огради.

Фрапантно е како може главниот обвинител да игра по нотите на политичка партија.

Народот има под 2% доверба во обвинителството, а со игнорантскиот однос на Коцевски таа доверба ќе се израмни со 0.

Јасно е дека Коцевски ќе седи до крај, и покрај пораките од народот да си оди, тој ќе седи и ќе ги користи своите позиции за СДС.

Едно треба да знаат и СДС и главниот обвинител Коцевски, народот точно знае што прават и многу јасно ја виде нивната игра. Одговорност ќе има на избори, а и потоа.“